Еден месец по преземањето на Twitter, американскиот милијардер Илон Маск тврди дека платформата бележи рекорден раст на нови корисници.
Маск рече дека од 16 ноември Twitter добива повеќе од 2 милиони нови корисници дневно во период од седум дена. Тој додаде дека порастот на дневните регистрации е за 66 отсто поголем во однос на истиот седумдневен период во 2021 година.
Тој рече дека е забележан рекорден пораст на минутите на корисничка активност, така што просекот за седумдневниот период кој започнува на 15 ноември изнесува речиси 8 милијарди активни минути користење на Twitter. Тоа претставува зголемување од 30 отсто во однос на истиот период лани. Исто така, Маске ја искористи можноста да нагласи дека има намалување на говорот на омраза.
Сепак, многумина сметаат дека неговите податоци за говорот на омраза се „дискутабилни“ и дека тие во најдобар случај претставуваат „нецелосна“ слика за ситуацијата. Една од причините е што податоците вклучуваат само твитови на англиски јазик. Нема финансиски податоци, а Маск претходно им кажа на вработените дека Твитер губи толку многу пари што банкрот не е невозможен. Неодамна објавените бројки покажуваат дека Twitter изгубил 50 од своите 100 најдобри огласувачи откако Маск ја презеде функцијата.
Сепак, тој рече дека Твитер е на пат да надмине една милијарда месечни активни корисници за 12 до 18 месеци, а тоа ќе бара драматично зголемување на новите корисници. Платформата оваа година има 450 милиони месечни активни корисници.
Поврзани артикли