Рачната конзола Nintendo Switch ги надмина вкупните продажни резултати на Wii конзолата и стана најпродавана во историјата на компанијата.

Switch имаше релативно силен празничен квартал, со 10,67 милиони продадени примероци помеѓу октомври и декември и покрај глобалниот недостиг на полупроводници, а благодарение на овој резултат, вкупниот број на продадени рачни конзоли се искачи на 103,54 милиони. Тоа значи дека за помалку од пет години Switch ја надмина конзолата Wii која продаде 101,63 милиони примероци.

Испораките се сепак за 8 проценти пониски од година во година, но Nintendo е очигледно помалку погоден од проблемите со синџирот на снабдување отколку некои други производители. Sony соопшти дека за краток период продал само 3,9 милиони конзоли PlayStation 5. Nintendo лансираше и нов OLED модел на конзолата Switch во текот на последниот квартал и тврди дека е направен добар почеток.

Компанијата ги ревидираше прогнозите за продажба на Switch и ги намали за еден милион примероци за фискалната година. Сега очекува да продаде 23 милиони конзоли наместо 24 милиони проектирани во ноември минатата година, што е уште едно намалување во однос на претходно очекуваните 25,5 милиони конзоли. На Nintendo ќе му требаат нешто повеќе од четири милиони конзоли во тековниот квартал за да достигне нови прогнози.

Кога станува збор за софтверот, Pokemon римејк игрите Brilliant Diamond и Shinin Pearl се продаваа добро, со комбиниран број од 13,97 милиони примероици. Mario Party Superstars продаде 5,43 милиони копии, The Legend of Zelda: Skyward Sword HD 3,85 милиони и Metroid Dread 2,74 милиони примероци.

Nintendo штотуку ја објави добро прифатената игра Pokemon Legends: Arceus, која треба да ја подобри продажбата на софтвер во тековниот квартал, а Kirby and the Forgotten Land ќе пристигнат во март.