Светското фудбалско првенство годинава се одржува во Катар, а еден од условите што требаше да го исполнат катарските власти за да ја добијат организацијата на натпреварувањето беше климатизацијата на сите осум стадиони.

И покрај загриженоста дека системите за ладење не можат значително да ја намалат температурата на отворените стадиони, сите осум места на Светското првенство имаат специјално дизајнирани единици за ладење.

Технологијата е развиена во соработка со Катарскиот универзитет и користи сончева енергија за напојување на вентилаторите кои го вовлекуваат надворешниот воздух и го ладат, а потоа го испраќаат низ отворите за вентилација на трибините и теренот.

Со оглед на тоа што се работи за систем за циркулација на воздухот, оладениот воздух се вовлекува назад во системот каде се повторува процесот на ладење, но и се филтрира (прочистување) пред повторно да се ослободи низ отворите за вентилација на штандовите и теренот.

Особено е корисен за луѓето кои имаат проблеми со алергии, бидејќи воздухот на стадионите е многу чист.

Исто така, важно е да се напомене дека технологијата е 40 проценти поодржлива од постоечките техники и доволно е да се започне процесот на ладење два часа пред натпреварот, што значително ја намалува потрошувачката на енергија.

Пријатен престој на навивачите на трибините обезбедуваат отворите за вентилација, односно дифузерите поставени под седиштата, кои исфрлаат воздух под агол за ладењето да биде што поблаго.

Стадионите се ладат на температури меѓу 18 и 24 степени.