Оние кои сакаат часовник на Garmin за нивните авантури, веројатно ќе ја разгледаат серијата Fenix, премиум мулти-спортски GPS паметен часовник кој значително напредуваше во последните десет години. Новите модели донесуваат и нови „трикови“.

Новост е дека серијата Fenix ​​7 сега има екрани на допир. Можеби е чудно што досега ги немале, но користењето на вакви уреди на отворено значи и изложеност на различни фактори, како пот, временски услови, постојано движење и користење со ракавици. Затоа, екранот на допир можеби е непрактичен, но од Garmin велат дека тоа нема да биде така и дека новите часовници ќе бидат многу корисни во „активни услови“. Иако Venu и vivoactive сериите на Garmin веќе имаат екрани на допир, оваа функција е нова во серијата Fenix.

Друга новост е и multi-LED блиц светилката, која ќе биде корисна во текот на кампување или за време на утринско или вечерно трчање. Неговата употреба е повеќекратна и може да се користи за сигнализирање на велосипедистите и возачите. Fenix ​​доаѓа во три модели, односно во три големини, 7S/7 и премиум 7X големини 42, 47 и 51 mm.

Сите модели имаат опција за соларно полнење, а Garmin тврди дека новото куќиште има поголема површина на екранот која би можела да биде двојно поефикасно во собирањето на сончевата енергија во споредба со линијата Fenix ​​6. Поради тоа, часовникот би можел да „издржи“ и до пет недели со едно полнење, што е доста импресивно за овој тип на уреди.

Fenix серијата ​​донесува и нови понапредни режими за тренинг кои се придружуваат на мноштвото постоечки. Цената се движи од 700 долари па нагоре.