Претставниците на Sony и Honda размислуваат да вградат конзола PlayStation 5 во нивниот претстоен електричен автономен автомобил фокусиран на забава.

Во изјава за Financial Times, претседателот на заедничкиот проект меѓу Sony и Honda, Изуми Каваниши, рече дека технолошки е можно да се интегрира PS5 во автомобил.

Компанијата Тесла започна со испорака на Model S и Model X со поголеми хоризонтални екрани минатата година и додаде графички чип AMD RDNA 2 за кој извршниот директор на Tesla, Илон Маск рече дека е „буквално на ниво на PlayStation 5“. Нешто повеќе од една година подоцна, Маск вети големи игри како Cyberpunk 2077.

Но, Sony не сака само да „стави“ игри во автомобил како што е Tesla, планот е „да го развие автомобилот како хардвер што ќе служи за забавата и мрежата што Sony има намера да ги понуди“. Тоа всушност ќе биде електрично возило кое ќе биде „уред на тркала за „потрошувачка“ на содржината“.

Целта е да се произведе автономно возило.

„За да уживате во автомобилот, треба да го направите простор каде што нема потреба да возите“, рече Каваниши и призна дека ќе биде потребно многу време за да се постигне целта.

Sony е задолжен за забавата, софтверот, сензорите и технологијата потребни за автономно возење, додека Honda сама ќе ги произведува автомобилите. Задачата нема да биде лесна бидејќи и компанијата Тесла има проблеми и со работата на автономните системи.