Realme во текот на овој месец веќе неколку пати го најави Watch S Pro паметниот часовник. Сега конечно знаеме и кога уредот ќе биде претставен – тоа ќе се случи на 23. декември.

Оваа објава е забележана на Twitter, каде што профилот на компанијата Realme подели повеќе детали. Watch S Pro ќе има AMOLED екран и бројни други функции кои се во тренд.

Новиот паметен часовник ќе има кружен AMOLED екран од 1.39 инчи и куќиште од нерѓосувачки челик. Со овој панел Realme ќе може да ја понуди Always-On Display функцијата, а тука се и други интересни карактеристики.

Батеријата ќе може до врв да се начполни за два часа, а со едно полнење може да издржи до 14 дена. Ќе постојат 15 спортски режими, а активностите на отворено (трчање, планинарење, возење велосипед) ќе можат да ги користат предностите на GPS.

Секако, паметниот часовник ќе има опциите на следење на сатурацијата на кислород во крвта и 5 ATM водоотпорност.