Роботот Амека е веројатно најпознатиот хуманоиден робот во светот, а следната година би требало да добие и нозе.

Иако не треба да очекуваме хуманоидните роботи да станат слични на луѓето со години, а можеби дури и со децении, благодарение на напредокот во технологијата тој чекор е се поблиску.

Вештачката интелигенција толку многу напреднала што понекогаш луѓето не се ни свесни дека не комуницираат со луѓе на Интернет, туку со софтвер. Освен вештачката интелигенција, голем проблем е и механиката, односно како да се направи робот кој ќе се движи како луѓе, но колку е постигнат напредок на тоа поле, доволно е само да се погледне што успеале да создадат инженерите на Boston Dynamics со своите роботи на кои би можеле да им завидуваат дури и спортистите.

А како изгледа хуманоидниот робот со напредна вештачка интелигенција кој има способност да се движи, треба да дознаеме следната година на примерот на Амека. За некои ова е најнапредниот хуманоиден робот во светот со „реални движења и изрази на лицето“, а за неговиот развој е одговорна британската компанија Engineered Arts.

Дека наскоро ќе добие нозе потврди самиот робот. Имено, додека одговарал на прашања на Јутјуб, некој поставил прашање за можноста за негово движење.

„Не можам да одам, но видов прототип на нозете во лабораторијата Engineered Arts“, коментираше за време на разговорот, нагласувајќи дека дизајнот на неговите нозе, кои ќе бидат направени од алуминиум и пластика, е инспириран од Роботот Byrun, кој исто така е создаден од истата компанија. Тој робот е направен според уникатен механизам кој му овозможува да оди без да троши премногу енергија.

Покрај тоа, Амека одговори и на многу други прашања, како на пример дали повеќе сака кечап или мајонез, а неговиот одговор, за оние кои се прашуваат, е кечап – затоа што има „позачинет и покисел вкус“. Помеѓу другите интересни работи за Амека, ќе споменеме дека октомври е неговиот омилен месец и дека би сакал да ја истражува историјата и културата на Париз.

По комуникацијата со роботот, многумина беа воодушевени колку Амека изгледа реално и човечко, а особено ги истакнаа очите, односно брзите движења, трепкањето и фокусот и како остава впечаток дека посветува големо внимание на се што гледа.

Од Engineered Arts велат дека Амека сè уште е во развој и дека роботот во суштина е изграден како платформа за развој на идни роботски технологии и хуманоидни роботи.