Научниците од NASA открија нови детали за планираната мисија на Месечината, а членовите на новата експедиција, наводно, би можеле да прошетаат дури четири пати по површината на Земјиниот сателит.

За време на прошетките, астронаутите ќе собираат примероци и ќе вршат други научни интервенции, а пред човечката мисија, на Месечината би можел да пристигне ровер со кој ќе може да се управува од далечина. Опцијата за управување е опишана како „Smart Summon“ опција на Tesla, само на Месечината”, што значи дека мисијата ќе може да се одвива на повеќе пунктови, што ќе овомозжи да се соберат повеќе примероци.

Следната мисија на Месечината би можела да ги однесе астронаутите на површината на ова небесно тело, дозволувајќи им да поминат таму до две недели. Според NASA, мисијата би требало да се случи пред 2030 година, а по онаа која е планирана за 2024 година. Скептиците посочуваат дека агенцијата не ги добила потребните средства ни за првата мисија и додаваат дека најавите се уште треба да се земаат со резерва.