Samsung ја претстави новата апликација за споделување фајлови, наречена Dropship, како дел од пакетот апликации Good Lock.

Споменатата апликација ќе им овозможи на корисниците лесно да префрлаат датотеки на други телефони со Android, iOS уреди или на веб.

Апликацијата Dropship моментално е достапна за корисниците во Јужна Кореја, преку Galaxy Store. За да го инсталирате, потребен ви е Android 13 со интерфејс One UI 5.0.

Апликацијата овозможува пренос на датотеки со големина до 5 GB на дневна основа. За пренос на поголеми датотеки, Nearby Share или Quick Share е секако подобро решение.

Корисниците можат да создадат врска што може да се сподели, со фотографија на профилот и порака, а потоа да ја испратат до саканата личност. Испраќачот може да го постави времето на важност на врската.

Процесот на споделување е главно едноставен. Испраќачот може да ја избере датотеката и платформата на која ќе се испрати датотеката. Примачот може да ги напише последните четири броеви од споделената врска или да го скенира QR-кодот за да ја преземе датотеката.

Она што е важно да се забележи е дека примачот не мора да има Dropship апликација или сметка на Samsung.

Засега не е познато дали и кога апликацијата Dropship за споделување датотеки помеѓу платформи ќе стане достапна за поголем број корисници.