Американската вселенска агенција НАСА пронајде дел од вселенскиот шатл Челинџер на брегот на Флорида.

Станува збор за „нов“ дел од леталото, прв од 1996 година, кој веројатно е и најголем. Челинџер експлодираше кратко по полетувањето во јануари 1986 година, при што загина екипажот.

Телевизиската екипа која работеше на документарниот филм на History Channel за Бермудскиот триаголник забележа дел од шатлот во близина на Кејп Канаверал во март, а снимката му беше прикажана на менаџерот на НАСА, Мајкл Цианили, кој го идентификуваше.

„Срцето ми застана, морам да го кажам тоа, ова ме врати во 1986 година. Се сетив низ се што поминавме како нација“, изјави Цианили за АП.

Челинџер беше лансиран на 28 јануари 1986 година со пренос во живо низ САД. Само 73 секунди по полетувањето следела експлозија, а истрагата покажала дека неочекувано ниските температури предизвикале проблем во ракетата.

Пронајдени се остатоци од шатлот, тежок околу 107 тони, вклучувајќи делови од засилувачот и надворешен резервоар за гориво. Два фрагменти од левото крило беа исфрлени на брегот во 1996 година и беа последните парчиња пронајдени до најновото откритие. Станува збор за дел од 4,5 метри квадратни, кој можеби е поголем, но е затрупан во песок. Цианили верува дека е дел од трупот на Челинџер.

Левиот панел на Челинџер е изложен во комплексот за посетители на теренот на вселенскиот центар Кенеди, а има и дел од сестринскиот шатл Колумбија кој се распадна при повторното влегување во 2003 година, убивајќи го и целиот екипаж. Останатите делови се закопани во силос на Кејп Канаверал. Американската влада законски ги поседува остатоците од шатлот, а новооткриениот дел ќе остане на дното на океанот додека НАСА не одлучи што да прави со него, почитувајќи ја својата екипа.