Според она што нуди увид во официјалниот тизер, Huawei Mate 40 линијата ќе има барем еден телефон со шестоаголен или осмоаголен камера модул на задната страна.

Покрај ова, видливо е и физичко копче за звукот, што значи дека Huawei ја отфрла идејата за виртуелни копчиња што беа имплементирани во Mate 30 линијата телефони.

Досега, протечените информации укажуваа на решение каде што четири камери се поставени во кружен систем, што личи на копче, додека блицот бил поместен од страна. Исто така, видовме рендери со споменатиот дизајн, но новиот тизер што го објави официјалниот претставник на Huawei ја менува сликата за претстојните уреди.

Можно е и дека Huawei во подготовка имал различни дизајни за различните модели во рамките на Mate 40 линијата. Тоа би било прв пат за линијата, од 2016. година кога Huawei прв пат почна да објавува повеќе од еден модел во рамки на серијата.

Официјалната објава на Huawei Mate 40 линијата смартфони е закажана за 22. октомври, кога ќе ги дознаеме сите детали за овие уреди.

Huawei Mate 40 серијата ќе биде глобално објавена на 22. октомври