Microsoft не се откажува од идејата рекламите да бидат составен дел од корисничкото искуство на Windows.

Концептот на реклами во Windows отсекогаш бил контроверзен, особено затоа што многу корисници сметаат дека откако ќе платат за некој производ, Microsoft нема право да ги бомбардира со реклами.

Иако ова е погрешен пристап (бидејќи корисниците плаќаат за правото на користење на Windows, а не за сопственост на софтверот), рекламите никогаш не биле добро примени.

Сепак, Microsoft не изгледа премногу загрижен за ова. Софтверскиот гигант сега експериментира со нови идеи, кои ќе внесат нова доза на фрустрација кај корисниците.

Албакоре сподели скриншот на Twitter, кој ја прикажува рекламата во менито Старт. Рекламата се однесува на OneDrive и им препорачува на корисниците да ги пренесат своите важни податоци на cloud.

Microsoft сè уште официјално не го објавил воведувањето на оваа промена, бидејќи за сега компанијата само експериментира со идејата за рекламирање.

Сепак, многумина веруваат дека има големи шанси Microsoft да ја спроведе оваа контроверзна одлука и да ја пренесе идејата за реклами на повеќе уреди.