Instagram со овој потег уште повеќе се оддалечува од платформата која беше синоним за фотографии.

Instagram ќе го зголеми времетраењето на форматот Reels од 3 на 10 минути.

Овој потег треба да му овозможи на Instagram да се натпреварува со Tiktok и YouTube, бидејќи овие формати се покажаа како најпопуларни на тие платформи.

Порталот Engadget доби потврда од Meta, која е сопственик на Instagram, дека опцијата моментално е во фаза на тестирање.