Huawei се очекува да почне со испорака на Harmony OS на своите уреди веќе следниот месец. Додека интерниот систем сè уште е во бета фаза, на Weibo се појави четириминутно видео кое ги открива сите главни подобрувања што ги воведе кинеската компанија.

Најдрастична промена е новиот контролен центар, кој се отвора со повлекување од горниот десен агол. Горниот лев агол го отвора прелистувачот на телефонот, додека основниот гест надолу било каде на екранот ги открива известувањата.

Телефонот што се користи во ова видео е Huawei Mate 40 Pro. Апликациите се отвораат многу побрзо отколку што сме виделе на кој било Android уред. Сепак, лицето што стои зад видеото потсетува дека ова моментно работи само за интерните апликации и можеби нема да биде толку брзо за независните прелистувачи, игри итн.

Визуелно, Harmony OS 2.0 е прилично блиску до она што сме го виделе на кој било паметен телефон со EMUI 11. Huawei веќе разви интуитивен дизајн со добар изглед и логично е да се држи до него. Она што сè уште не го знаеме, но се надеваме дека ќе го дознаеме наскоро, е дали новиот OS е заснованна јадрото на Android или станува збор за целосно друга платформа, направена од нула.