На денешен ден, во 1983 година, Бил Гејтс и Microsoft првпат го претставија оперативниот систем Windows на светот.
Иако ќе биде објавен дури на 20 ноември 1985 година, Microsoft првпат го покажа оперативниот систем Windows 1.0 на 10 ноември 1983 година.
Оригиналното име за Windows во тоа време беше Interface Manager, но подоцна беше променето. Промената на името на софтверот се должи на Роуланд Хенсон, маркетинг гуруто на Microsoft, кој го убеди Гејтс да го смени името на оперативниот систем во Windows.
Во тоа време, пазарот на софтвер беше конкурентен и вклучуваше платформи како Apple Lisa, Xerox Star, VisiCorp VisiOn, IBM Top View и други.
Не беше сигурно дека Microsoft ќе биде успешен со својот пристап во тоа време, бидејќи имаше голем број на конкурентни алтернативи.
Гејтс тогаш објави дека Windows ќе има паѓачки менија, поддршка за глувчето и можност за истовремено извршување на неколку апликации, како и бројни други функции.
Се сметаше дека Windows ќе има најголема веројатност да постигне успех од сите споменати платформи, но тогаш немаше гаранции дека тоа ќе се оствари.
Две години подоцна, првата верзија на Windows беше официјално, комерцијално објавена на 20 ноември 1985 година, по што беше испишана историја во софтверската индустрија и светот на информатичката технологија.
Windows доби бројни ажурирања и верзии во текот на годините. Моментално сме на верзијата Windows 11, а оперативниот систем е на уредите на милијарди корисници ширум светот.
Поврзани артикли