Агенцијата АФП објави дека поднела тужба против платформата Х.

Агенцијата Франс прес неодамна објави дека поднела тужба во Париз против платформата Х на Илон Маск, порано позната како Твитер, обвинувајќи ја дека одбива да разговара за потенцијална исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција.

Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет платформи да влезат во преговори со издавачите кои бараат компензација за вести.

Агенцијата Франс прес ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на Твитер (неодамна преименуван во Х) да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права…, се вели во соопштението на новинската агенција.

Маск го критикуваше потегот на AFP со објава на X.

„Ова е бизарно. Тие сакаат да им платиме за сообраќај на нивните страници каде што заработуваат од реклами, а ние не!“, рече тој.

Во 2021 година, француското антимонополско тело го казни Гугл со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила.

Оттогаш Google вети дека ќе го реши спорот и најави договори со АФП и неколку други водечки француски медиуми.

Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.