Apple се посериозно работи на пристап, кој своевремно го имплементираше Microsoft, а тоа е позначајно да ги поврзе iOS и macOS, со цел двата екосистема да ги спои за лесна транзиција од еден во друг.

Една од најновите акции на компанијата е фокусирањето на тоа што повеќе iOS функции да мигрира на macOS, а извештаите сугерираат дека најновата верзија на десктоп оперативниот систем ќе донесе неколку подобрувања на ова поле. Се очекува дека macOS ќе ги има Screen Time и Siri Shortcuts, кои се веќе достапни за iOS уредите, а ова технички ќе овозможува спојување на мобилните и PC уредите.

Siri Shortcuts, кој може да се инсталира на iPhone и iPad од AppStore ќе биде достапен и за macOS корисниците подоцна во текот на годината. Screen Time ќе пристигне со нов панел во System Preferences, а на корисниците ќе им овозможува да конфигурираат колку долго сакаат да покренуваат некоја апликација.

Повеќе детали за проектот се очекува во јуни, во текот на Apple WWDC конференцијата, а компанијата веројатно од програмерите ќе инсистира да ги подготват своите апликации за спојување помеѓу iOS и macOS платформите.