Пред неколку дена се појавија првите информации за освежената верзија на најевтиниот iPad, кој во својата осма генерација беше објавен во текот на септември. Apple наводно работи на нов модел, кој ќе има Home копче со Touch ID поддршка, а се очекува во текот на првиот квартал на 2021. година. Сега нови протечени информации ги откриваат спецификациите на деветтата генерација на iPad.

Дојавувачот под името Tron (@cozyplanes) на Twitter објави дека основниот iPad модел ќе има 10,5-инчен Ретина дисплеј, што би било зголемување во однос на сегашниот модел со 10,2-инчи. Со оглед на тоа што ќе продолжи да користи Home копче со Touch ID, ова значи дека уредот нема да го користи дизајнерскиот јазик на iPad Air 2020 или iPad Pro линијата.Покрај тоа, се сугерира дека новиот iPad ќе биде потенок и полесен од актуелниот.

Според наводите, iPad моделот ќе го користи Apple A13 Bionic чипсетот од претходната генерација. Покрај тоа, новиот iPad би можел да има 64GB почетен простор за складирање, што е двојно повеќе од она што го нуди iPad од осмата генерација.

Apple напролет ќе претстави нов основен, 10.5-инчен iPad