Претставувањето на Google Pixel 6 серијата се очекува на 19 октомври, а некои докази сугерираат дека ќе биде во продажба од 28 октомври. Новите премиум модели на Google ќе бидат достапни само во осум земји, вклучувајќи три во Европа.

Најновите протечени информации за цените на новите Pixel модели доаѓаат од Европа, а се чини дека ќе бидат пониски од очекуваното.

Pixel 6 (скодно име Oriole) се очекува во две конфигурации: 8/128 GB и 8/256 GB, со цени од 550 и 650 евра. Кога станува збор за Pixel 6 Pro (Raven), тој ќе има почетна цена од 900 евра. Ќе постојат опции со 128 GB, 256 GB и 512 GB простор за складирање, а сите ќе имаат 12GB RAM меморија. Се очекува разлика од 100 евра помеѓу секоја од опциите за просторот за складирање.

Големиот јаз од 350 евра во цените помеѓу Pixel 6 и Pixel 6 Pro моделите е оправдан и со разликите во спецификациите. Повеќе повеќе меморија и простор за складирање, Pro моделот ќе има и поголем, поостар екран (6,4-инчен FHD наспроти 6.7-инчниот QHD), побрзо полнење (33W) и 4x телефото камера.

Двата смартфона ќе пристигнат во различни опции на бои, а некои земји ќе имаат лимитирани опции на избор на дизајн.