Серијата „House of the Dragon“ е огромен хит на HBO, првата сезона заврши, а фановите сега со нетрпение ја чекаат втората. Компанијата Oppo реши да ја искористи популарноста на серијата.

Oppo претстави специјална верзија на својот паметен телефон Oppo Reno 8 Pro и го продава во пакет наречен House of the Dragon Limited Edition Set украсен со симболите на House Targaryen.

Во пакетот е вклучена и специјална маска дизајнирана да личи на кожата на змејот Balerion the Black Dread. Исто така, има златен печат, триглав змеј кој го претставува семејството Targaryen.

Дел од пакетот е златен и црн држач за мобилен телефон во форма на змеј, а дури и пинот за вадење на SIM картичката е во форма на мал златен змеј.

Во Oppo навистина се трудеа и внимаваа на секој детал, а клиентите ќе добијат и привезок во форма на змеј со три глави.

Тие ќе добијат и колекционерски предмети, јајце од змеј и рачно напишан проглас од кралот Viserys I Targaryen.

Сето тоа е многу фенси, но има една замка – се продава само во Индија.