На настанот Tech World 2022 на матичната компанија Lenovo, Motorola го покажа телефонот што може да се тркала, односно се издолжува или скратува по потреба, со прикажување на кратко видео.

Видеото го прикажува само предниот дел на уредот, а екранот изгледа како да се обвиткува околу телефонот со притискање на копче, свиткувајќи се од долниот раб. Барем што се однесува до прототипите, овој концепт се чини дека е на „оперативната страна на спектарот“.

Индикаторите за батеријата и мрежата се видливи на екранот, а тоа е флексибилен OLED панел со димензии 6,5 инчи кога е продолжен или малку повеќе од 4 инчи кога е преклопен.

Motorola не откри повеќе детали, па не е познато дали овој уред некогаш ќе се појави на пазарот. TCL најавуваше флексибилни производи во изминатите години, но немаше комерцијални модели.