Philips во текот на 2020. година веќе ја претстави AI функционалноста во обработка на сликата, како прв чекор во подобрување на квалитетот на сликата за своите нови OLED телевизори. Со новите 805/855/865 модели, Philips ја претстави новата унапредена AI функционалност во цел на добивање на најприродна, најреалистична и најживописна слика на ТВ уредите.

Унапредената AI обработка на сликата ќе биде претставена и во новиот премиум модел телевизор на компанијата – OLED+935, а во прашање е надградена верзија на чипот во OLED телевизорите, која сега има и дополнителен AI чип. Функцијата на подобрување на сликата со вештачка интелигенција ги користи невронските мрежи и машинското учење за да анализира милиони тестови на квалитетот на сликата од единствената база направена од развојниот тим на Philips во претходните 30 години.

OLED+935 е исто така првиот ТВ што го поседува новиот единствен anti-burn систем, направен да ги штити OLED екраните. Ова решение ја користи напредната функција на детектирање на логото, што ја надгледува мрежата од 32400 зони за многу прецизно да детектира статични содржини и постепено да го постепено да го намалува интензитетот на локалното осветлување. Со тоа би се постигнало избегнување на burn-in ефектот без намалување на квалитетот на сликата на другите делови од екранот.