Промената пристигна со TikTok – на корисниците повеќе не им се прикажува исклучиво содржината на луѓето што ги следат, туку само најдобрата и најзабавната содржина.
Познато е дека Фејсбук во последно време е во големи неволји, што можеме да го видиме од падот на бројот на корисници, но и од состојбата на берзата, каде годинава загубија стотици милијарди долари. Во едно неодамнешно интервју, Марк Цукерберг објасни што може да биде причината за тие проблеми и ја призна својата грешка во однос на стратегијата на компанијата.
Пред неколку години, имено, Цукерберг беше убеден дека корисниците сакаат Фејсбук да стане што е можно повеќе лична платформа, односно на нивните фидови да се појавуваат содржини објавени од нивните пријатели и роднини. Денес е очигледно, како што и самиот призна, дека тоа било сосема погрешен начин на размислување.
Се покажа дека корисниците сакаат најдобра и најквалитетна содржина и не е важно кој ја објавува таа содржина. Тоа навреме го препознале во TikTok, поради што популарноста на оваа мрежа постојано се зголемува, додека корисниците полека го напуштаат Facebook. Иако Мета на Инстаграм се обиде да го промени алгоритмот за да биде повеќе како TikTok, корисниците не беа задоволни бидејќи не сакаат мрежата да стане само копија на TikTok.
Цукерберг истакнува дека на почетокот, TikTok не се вклопувал во неговиот „шаблон на социјални работи“ и повеќе се чувствувал како пократка верзија на YouTube. Денес, тој вели дека е важно Мета да создаде алгоритам кој ќе им препорача на корисниците различни содржини за забава, но за разлика од TikTok, тој не сака да се фокусира само на видеа, туку и на фотографии и текстуални содржини.
„Понекогаш сакам само да гледам видеа, но често ги сакам само најдобрите работи“, објасни тој во интервју за Stratechery.
Поврзани артикли