YouTube додава нов индикатор, кој покажува кога каналот стримува во живо на платформата.

Најавено е дека индикаторот се состои од приказ на прстенот, на кој е испишан зборот „Live“ и профилна фотографија на каналот од кој доаѓа преносот во живо. Притискањето врз овој сегмент води на преносот во живо.

Споменатата функција би требало да го олесни пронаоѓањето на содржини што се пренесуваат во живо додека го пребарувате YouTube.

Слична функција е веќе достапна кај некои други сервиси. TikTok користи сличен пулсирачки прстен на профилната фотографија на каналот кога корисникот стримува. Instagram прикажува и живописна фотографија на профилот кој пренесува во живо, кога е прикажан на врвот на feed-от.