Компанијата Parallels веќе со години обезбедува виртуелизација на софтверот, така што Windows програмите можат да работат на Mac. Меѓутоа, озгледа дека сега еден нов OS доаѓа во фокус. Имено, објавено е партнерство со Google со цел за остварување на поддршка за Windows апликации на Chrome OS Enterprise уредите.

Ова многу ќе значи во бизнис сферата, која користи различни Windows апликации. Преминот на бесплатен OS, со целосна поддршка за Windows софтвер (посебно за Microsoft Office) може доста да им ги намали трошоците на компаниите. Истовремено, оваа соработка ќе помогне и Chrome OS да стане позастапен во разните бизнис екосистеми, кои досега се потпираа на Windows. А дали тоа навистина и ќе се случи, зависи од тоа колку оваа виртуелизација ќе биде добро имплементирана.

Се уште не се знае како точно ќе се обезбедни виртуелизацијата. Parallels само објави дека партнерството со Google ќе обезбеди целосна поддршка за Windows апликациите на Chromebook Enterprise уредите, посебно нагласувајќи дека тоа ќе се однесува и на Microsoft Office. Не е јасно дали оваа виртуелизација во некој момент ќе биде „спуштена“ и на обичните корисници, кои купиле Chromebook уреди. Воглавно, најавено е дека првата верзија на овој виртуелизациски систем ќе биде достапна во текот на есента, па повеќе детали ќе мораме да дочекаме дотогаш.