На YouTube каналот TechRax е објавено видео кое покажува тестирање на функцијата за откривање судир на iPhone 14 на Apple.
Бидејќи промотивното видео на Apple за новата функција не прикажуваше уништување возила, јутјуберот од каналот TechRax одлучи да заземе поинаков пристап.
Јутјуберот го опремил автомобилот со механизам кој овозможува далечинско управување, а потоа удрил во возилата кои претходно завршиле во отпад.
Неговиот iPhone 14 Pro цело време бил во возилото и детектирал судири. Првиот пат, детектирањето доцнело, но во последователните обиди јутјуберот мораше да побрза за да го спречи воспоставувањето на СОС повикот.
Заклучокот е дека функцијата за откривање судир на iPhone 14 Pro навистина функционира.
Поврзани артикли