Станува збор за мисијата DART во која НАСА сака да провери колку би било тешко да се спречи поголем астероид да удри во Земјата.

Демонстрацијата ќе се одржи на оддалеченост од 11 милиони километри, а целта на НАСА е астероидот Димофос. Агенцијата соопшти дека астероидот моментално не е на пат кон Земјата, ниту пак тестот ќе го испрати кон нас. Судирот ќе се случи доцна вечерва, а се ќе се гледа со телескопи од далеку, вклучувајќи го и новиот вселенски телескоп James Webb.

Научниците веруваат дека мала промена во брзината на астероидот е доволна за да се промени неговиот пат, односно да помине покрај Земјата. Услов е тоа да се направи на време.

Мисијата DART ќе ја тестира таа теорија со удар во Диморфос широк 160 метри со повеќе од 20.000 км/ч. Ударот треба да го промени својот пат околу многу поголем астероид наречен Дидимос.

НАСА вети спектакуларни фотографии кои ќе бидат направени додека сондата тешка 570 килограми се приближува до целта. Сепак, таа има тешка задача бидејќи за само 50 минути ќе може да направи разлика помеѓу двата астероиди. Софтверот за навигација ќе ја прилагоди патеката така што ќе дојде до директен судир.

Леталото ДАРТ веќе заврши една задача бидејќи пред неколку дена испушти италијански сателит тежок 14 килограми. Овој сателит ќе снима што ќе се случи за време на судирот, како и кратерот што ќе се создаде потоа.