Популарната апликација WhatsApp објави упатства за водење на апликацијата на одредени уреди, кои можеби ги немаат најновите безбедносни надградби.

Корисниците, кои користат WhatsApp на уредите на iPhone, се информирани дека апликацијата ќе престане да работи на одредени модели на iPhone.

Во извештајот на компанијата, Apple истакнува дека оние кои имаат iPhone со iOS 10 или iOS 11 верзија на софтверот треба да го ажурираат уредот на iOS 12 за да можат да користат WhatsApp.

Тоа значи дека WhatsApp ќе може да се користи на моделите iPhone 5S, 6 и 6S, со ажурирање на iOS 12, но нема да биде достапен за iPhone 5 и iPhone 5C бидејќи iOS 12 не е компатибилен со нив.

Оваа ситуација не е невообичаена, а од компанијата истакнуваат дека секоја година има уреди кои ги немаат најновите безбедносни надградби или потребната функционалност за да работи WhatsApp.

Компанијата, на пример, минатата година престана да поддржува телефони со Android 4.0.4 или постар софтвер.