Intel го претстави новиот член на своето Comet Lake семејство процесори – моделот Core i9-10850K. Во прашање е нешто побавна и поевтина верзија на i9-10900K процесорот на компанијата со 10 јадра.

Core i9-10850K има работен такт кој за 100MHz е побавен во сите клучни аспекти и има цена која е за околу 35 долари пониска од i9-10900K моделот (чија цена изнесува околу 490 долари).

Со исклучок на споменатите разлики, i9-10850K има иста конфигурација со 10 јадра како и i9-10900K моделот, ист Thermal Velocity Boost и 125W TDP. Според тврдењата на Intel, i9-10850K е заснован на повратните информации на корисниците.

Преку новиот Core i9-10850K процесор, Intel на корисниците им овозможува пониска цена за i9-10900K без речиси било какви компромиси. Иако новиот CPU има за 100MHz побавен такт во сите инстанци, доколку знаеме дека може да оствари boost од преку 5GHz, разликата во перформансите во реалната работа помеѓу i9-10850K и i9-10900K моделите е минимална.