Како што правеше во претходните години, Apple не го објави капацитетот на батеријата на најновата серија iPhone 14, која неодамна беше објавена. Сепак, нов извештај ни дава увид во оваа информација.

Интересно е што дури и во официјалната листа за iPhone 14, 14 Plus, 14 Pro и 14 Pro Max на страницата Apple.com не се споменуваат точните големини на батериите на овие уреди. Нов извештај на сајтот Macrumors ја открива големината на батериите за сите четири нови модели на iPhone.

Публикацијата доби детали за батериите на уредот од базата на податоци на регулаторна агенција во Кина. Според оваа база на податоци, капацитетите на батериите на серијата iPhone 14 се како што следува:

iPhone 14: 3279mAh
iPhone 14 Plus: 4325mAh
iPhone 14 Pro: 3200mAh
iPhone 14 Pro Max: 4323mAh

За споредба, iPhone 13 mini има батерија од 2406mAh, iPhone 13 има капацитет на батерија од 3227mAh, iPhone 13 Pro има батерија од 3095mAh, додека капацитетот на батеријата на iPhone 13 Pro Max е 4352mAh.

Како што може да се забележи, iPhone 14 Plus ја има најголемата батерија во најновата серија, но и најголемата батерија што досега ја имал еден iPhone.