Беспилотната товарна вселенска капсула „Blue Origin“ денеска се одвои од ракетата-носач поради дефект во близина на делот на ракетниот мотор, неколку минути по лансирањето во Тексас, соопшти истоимената компанија.

За време на директниот пренос на лансирањето беше објавено дека е откриена „аномалија“ на ракетата-носач.

Товарната капсула успешно се одвои по лансирањето, рече коментаторот на емитувањето.

Сопственик на компанијата „Blue Origin“ е Џеф Безос, а ракетната програма „New Shepard“ е развиена со цел да се овозможи приватен вселенски туризам. Досега повеќе од 30 луѓе летале во вселената со ракета од овој тип.

Компанијата соопшти дека повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.