Во последниве години, видео игрите достигнаа огромни димензии, при што некои од најголемите зафаќаат повеќе од 100 гигабајти простор на хард дискот.

Иако сегашната генерација на конзоли и нивните SSD-дискови помогнаа да се намали количината на складирање потребна за многу наслови, NBA 2K23 за жал не е меѓу нив. Играта ќе зазема повеќе од 150 GB простор на конзолата Xbox.

Пред официјалното објавување на играта, закажано за 9 септември, статистиката покажува дека NBA 2K23 ќе бара 152 GB на конзолите Xbox Series X|S. Тоа е зголемување за 35 GB во однос на минатогодишниот наслов.

Засега не се знае колкава ќе биде големината на играта на PlayStation конзолата, а со оглед на тоа што 2K22 беше само 6GB помал на PS5 во однос на Xbox, се претпоставува дека и овогодинешниот наслов ќе има зголемен број на фајлови.

Исто така, треба да се забележи дека 152 GB ја претставува големината на играта пред да се примени day-one закрпата, што обично дополнително ја зголемува големината на играта.

NBA 2K23 ќе се појави на различни конзоли, вклучувајќи ги и системите од најновата генерација, како и Nintendo Switch.