Неодамнешните гласини сугерираа дека Apple во иднина би можел да објави iPhone кој во целост е без портови. Меѓутоа, изгледа дека објавата на ваков модел не очекува дури во 2021. година, со оглед на тоа дека дојавувачот @choco_bit тврди дека Apple ќе продолжи да го нуди Lightning портот на iPhone 2020 моделите.

Дојавувачот исто така споменува дека Apple ќе користи смарт конектот на iPhone моделите за следната година. Смарт конекторот е функција која Apple најпрвин ја имплементираше на iPad Pro линијата пред неколку години. Неговата намена не беше да ги полни уредите, туку за поврзување на додатоци како што се Smart и Magic тастатура.

Со преминот на iPhone кој во целост е без портови, Apple ќе се потпира на безжичното полнење, кое напредуваше во текот на годините, но и натаму бара подлога за полнење. Исто така, брзините на безжичното полнење се уште не се во ранг со брзото полнење преку кабел каков што моментно имаме.

Со оглед на тоа дека се работи за гласини и неофицијални информации, потребно е да се земат со резерва.