Социјалните мрежи, особено Facebook, веќе подолго време се на удар на хакерите. Користејќи ја проверката на идентитетот во два чекора, ќе го обезбедите вашиот профил и ќе се спасите од потенцијални неволји.

Ако користите стандардни методи на логирање (име на профилот и лозинка), тогаш хакерите можат лесно да влезат на вашиот профил. Токму затоа е важно на профилот да ја користите таканаречената „two-step authentitaction“, односно проверка во два чекора.

Facebook ја поддржува оваа метода на логирање. Исто така, наместо користење други апликации за проверка на логирањето, Facebook својата проверка ја има вградено во самата платформа.

Што подразбира проверката во два чекора и зошто е толку добра?

Откако ќе ја активирате услугата, секој што ќе се обиде да се логира во вашиот facebook-профил, од мобилниот уред ќе мора да го напише специјалниот код што ќе го активира Facebook на вашиот мобилен уред. Со други зборови, освен ако ја нема вашата лозинка и буквално вашиот телефон, хакерот нема да може да направи ништо.

Како се активира проверката во два чекора?

1. За почеток, изберете ја опцијата „Security and Login“ што се наоѓа во „Settings>Security and Login“.

2. Одете надолу додека не ви излезе „Use Two-Factor Authentication“. Кликнете „Edit“.

3. Изберете ја методата што планирате да ја додадете (во овој случај „Two-Factor Authentication“) и следете ги упатствата на екранот.

4. На крај, едноставно кликнете „Enable“ откако ќе ја изберете и активирате методата за проверка на идентитетот.

На Facebook постојат голем број начини за проверка кога профилот го користите од непознат компјутер или мобилен уред:

– Текстуални пораки (СМС)
– Безбедносни кодови од генераторот за кодови што се интегрирани во самиот Facebook
– Клик на безбедносна шифра што се појавува на компатибилен уред
– Безбедносни шифри од надворешна апликација
– Потврдување на обидот за логирање од уред кој Facebook не го препознава
– Користење впишани кодови за враќање на профилот.

Имајте предвид дека можете да користите неколку методи за заштита одеднаш, но обидете се да имате барем вклучени СМС-пораки или генератор за безбедносни кодови.

Извор: Факултети.мк