Компанијата Samsung објави реклама за мобилните уреди Galaxy S22 Ultra и Z Flip 4, а во сето тоа го „исмејуваше“ Apple за недостигот на иновации во iPhone уредите кои ги презентираат секоја година.
Во најновата серија S22 Ultra, Samsung ги обедини Note и S сериите и понуди комбинација на камера за перископ со неверојатни 108 мегапиксели и 100x т.н. опција „space zoom“, а уредот доаѓа со S Pen и моментално е еден од најдобрите уреди што оваа компанија им ги нуди на своите корисници.
Од друга страна, во рекламата го претставија водоотпорниот, преклоплив Z Flip 4, кој неодамна беше претставен како наследник на серијата Z Flip 3.
Рекламата „Buckle up“ започнува со реченицата „Подгответе се за најновата презентација на уредите на Apple“, а потоа ги истакнува предностите на телефонот со преклопување Z Flip 4 на Samsung и „камерата со највисока резолуција која ќе биде во нечиј џеб, и епската снимка од месечината која ќе ги собере сите лајкови.
„Овие иновации не доаѓаат кај iPhone-ите околу вас, тие се тука, на новиот Galaxy“, се заклучува во рекламата од 30 секунди.
Apple најверојатно ќе ги претстави мобилните уреди iPhone 14 и iPhone 14 Pro на настанот „Far Out“ набрзо. Pro верзијата треба да има 48 мегапиксели и видео снимање во 8К резолуција, како и опција за активен екран (Always-on display), и „таблет“ на местото на предната камера што ќе го замени моменталниот засек.
Поврзани артикли