Не би требало да има проблеми да го собори актуелниот светски рекорд од 455,3 km/h на SSC Tuatara.

Koenigsegg CC850 располага со сите 1366 КС и 1384 Nm, колку што е верзијата на најновиот 5.0 литарски V8 твин-турбо мотор.

Моторот може да работи на синтетички горива, црвената линија е на 8.500 вртежи во минута, а брендот ветува дека „аудитивните сензации се навистина неспоредливи“.

Изграден околу монокок од јаглеродни влакна, со панели од јаглеродни влакна/кевлар и алуминиумски резервоари за гориво, CC850 тежи само 1385 килограми.

Тоа би требало да биде еден од најбрзите сериски автомобили со внатрешно согорување, иако Koenigsegg допрва треба да открие детали за перформансите.

Годишнината на компанијата е приближно во исто време со 50-тиот роденден на основачот Christian von Koenigsegg, па ќе бидат произведени само 50 примероци.