Sony го претстави Xperia 1 моделот во текот на MWC во февруари, а неговиот наследник би можеле да го видиме во текот на IFA саемот во Берлин. Два нови телефона, со броеви на моделите J8210 и J8010 се појавија во UAProf фајловите, додека еден дојавувач ги поврза овие имиња со кодните имиња SPHINX и HORUS со 5G модеми.

Моделот J8210 е веројатно следниот премиум телефон на компанијата Sony, бидејќи Xperia 1 ја носи ознаката на моделот J8110. Претпоставка е дека новиот уред ќе го носи името Xperia 2, но тоа би можело да биде и Xperia 1 Premium, Xperia 1 5G или нешто целосно поинаку. Претходно протечените информации сугерираа дека телефонот со три камери сместени од страна би можел да биде Xperia 1v/1s и дека ќе биде објавен во Токио на 9. јули.

Малку се знае за спецификациите на уредот, но познато е дека J8210 има резолуција од 1920 x 1080 пиксели и 16:9 однос на страници. Од друга страна, моделот J8010 ќе има 3840 x 1644p резолуција, како и кај актуелниот Xperia 1 модел.

Претходно се појавија и информации за Xperia F флексибилниот смартфон, кој ќе има вграден 5G модем. Останува само во идниот период да се види кој од овие модели ќе се појави на пазарот и под кое име.