BeReal е апликација која е особено популарна кај Gen Z, а Instagram сега тестира слична опција во сопствената апликација.
Додека Instagram првично наметнуваше трендови меѓу социјалните мрежи, сепак како социјална мрежа фокусирана само на објавување фотографии кои едноставно може да се украсат, во последните години се обидува да ги следи трендовите што ги наметнуваат неговите конкуренти. Поточно, Instagram не ги следи овие трендови, туку ги копира најважните опции на конкурентните мрежи и ги имплементира во својата апликација.
Така, тие ги копираа приказните на Snapchat, направија Reels по моделот на TikTok, а и за најновите промени поврзани со алгоритмот и прикажувањето на содржината и прикажувањето на видеото на цел екран, добија инспирација од TikTok.
Сега почнаа внатрешно тестирање на опцијата популаризирана од друга социјална мрежа. Иако не се пишува многу за BeReal, оваа мрежа е сè попопуларна, особено меѓу младите. Како што сугерира името, поентата е корисниците да бидат „вистински“ во своите објави, односно да покажат што точно им се случува во животот во тој момент и каде се – без да ја разубавуваат ситуацијата.
Апликацијата испраќа порака еднаш дневно, така што корисниците имаат две минути да објават фотографија (направена со двете камери, за да можете да ја видите и личноста и местото каде што се наоѓа во моментот). Доколку направат и објават слика во тие две минути, ќе можат да ги видат фотографиите на нивните следбеници, а доколку не успеат, ќе мора да бидат трпеливи и да го поминат истиот процес наредниот ден.
#Instagram is working on IG Candid Challenges, a feature inspired by @BeReal_App ?
ℹ️ Add other's IG Candid to your story tray. And everyday at a different time, get a notification to capture and share a Photo in 2 Minutes. pic.twitter.com/caTCgUPtEV
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) August 22, 2022
Дознавме дека и Instagram подготвува ваква опција, наречена Candid Challenge, благодарение на програмерот Алесандро Палучи, кој внимателно го проучувал кодот на апликацијата. Социјалната мрежа одговори на прашањата на медиумите со коментар дека се работи за внатрешен прототип, но повеќе не се знае.
Принципот на работа на предизвиците на Instagram е сличен на оној на BeReal. Апликацијата ќе ги информира корисниците дека е време да се фотографира со околината (фотографијата мора да се слика и со две камери), за што имаат две минути. Ако успеат, ќе биде објавена како приказна и ќе исчезне за 24 часа.
Со оглед на тоа дека BeReal е особено популарен меѓу генерацијата Z, а Facebook и Instagram првенствено сакаат да привлечат помлади корисници, може да се претпостави дека Instagram ќе го претстави овој внатрешен прототип како официјална опција за сите корисници.