Една од апликациите која добива се поголема популарност е BeReal, која многумина ја поистоветуваат со модерниот Facebook.

Социјалните мрежи, како што се MySpace или Facebook, во минатото се базираа на интересниот концепт на „пријатели“ и ја пресликуваа социјалната мрежа на секој корисник во реалниот живот.

Со текот на времето, овој концепт беше надминат и модерните социјални мрежи (Instagram, TikTok) добија предност на полето на лансирање кариери и модерни трендови промовирани од инфлуенсери.

Социјалните медиуми станаа место кое се фокусира на содржината наместо да ги поврзува луѓето. Оптимизацијата на алгоритам, виралноста и слични параметри станаа метрика која одредува што ни се прикажува.

Во таков екосистем, каде што социјалните мрежи стануваат се повеќе и повеќе безлични, се појави нова генерација на мрежи кои имаат приоритет на интимноста. Меѓу нив се BeReal, Locket Widget, Yubo и Poparazzi, според The ​​Guardian.

BeReal тука се издвојува како нова социјална мрежа во подем. Апликацијата беше лансирана во 2019 година и бара од корисниците истовремено да сликаат со предната и задната камера секој ден во одредено време, во период од две минути.

Корисниците можат да снимаат содржина подоцна, но не можат да ја видат содржината на своите пријатели додека самите не ги објават снимките. Ова треба да овозможи промовирање на поавтентичен однос со онлајн пријателите.

BeReal, моментално има повеќе од 28 милиони преземања и е една од најпопуларните апликации во американската продавница за апликации на Apple. Најголем број преземања на апликацијата се направени оваа година.

За разлика од Instagram или TikTok, апликацијата BeReal вели дека не сака да им помогне на луѓето да станат инфлуенсери. Останува да видиме дали размислувањето на мало ќе доведе до големи резултати кога станува збор за оваа апликација.

Во моментов, тешко е да се предвиди дали новите апликации на социјалните мрежи ќе опстанат на пазарот, како и дали некоја од нив би можела да направи револуција на пазарот.

„Тоа е некако модерен Facebook или нешто слично, каде што луѓето само ги објавуваат своите секојдневни мисли и работи што ги прават“, е само еден од коментарите на корисниците што ја опишуваат моменталната состојба на новиот пазар на социјални мрежи.