Според новите извештаи од Јужна Кореја, Samsung се подготвува да претстави барем четири нови флексибилни телефони во текот на следната година. Се сугерира дека компанијата ќе претстави по два нови модела од Z Fold и Z Flip семејствата, кои ќе бидат понудени во различни ценовни сегменти и со различни спецификации.

Извештајот споменува дека Samsung некои од овие модели планира да ги произведува од август 2021. година, додавајќи дека компанијата ќе ја диверзифицира понудата на флексибилни уреди преку промена на форматот на екраните на преклоп.

Исто така, извештајот ги потврдува претходните наводи и гласини за плановите на јужнокорејската компанија да ги спои S серијата и Note линијата уреди. Се очекува дека претстојниот Galaxy S21 Ultra модел ќе има поддршка за S Pen паметното пенкалце, што дополнително укажува на крајот на Note линијата.

На крајот, се споменува дека Samsung следната година веројатно нема да претстави нови формати, што значи дека телефонот на компанијата со екран што се растегнува не се очекува во текот на 2021. година.