Google напорно работи над првата голема надградба на Wear OS откако одлучи да го промени името на платформата од Android Wear. Програмерите сега имаат пристап до Developer Preview верзијата на софтверот, кој ќе ги интегрира функциите од Android P кон компатибилните паметни часовници.

Засега ажурирањето е достапно само за Huawei Watch 2, но во следните недели и другите уреди на водечките производители ќе бидат ажурирани на најновата верзија на Wear OS. Најголемата промена е поврзана со интеграцијата на режимот „Дарк Мод“.

Откако ќе го активирате, ќе видите црна позадина на менито и лентата со известувања што оптоварува толку многу очите и исто така ја намалува потрошувачката на енергија. Новата верзија на Wear OS активира стандардниот темен режим во уредите, пренесе Digital Trends.

 

Од Google уверуваат дека ќе обезбедат и дополнителни можности за персонализација и ќе ги интегрираат oстанатите елементи на интерфејсот. Друга корисна функција ќе ги блокира сите апликации кои работат во позадина освен ако часовниците не се поврзани со полначите.

Wear OS ќе go исклучува Bluetooth, WiFi и мобилна конекција кога корисниците не ги носат часовниците, што дополнително ќе штеди батеријата. Ажурирањето, исто така, обрнува внимание на бројни безбедносни прашања, кои се отстранети со неколку нови софтверски оптимизации.

Останува само програмерите да ги одржат своите тестови со Android P верзијата на Wear OS пред да почне масовното нејзино ширење за компатибилните уреди, што најверојатно ќе се случи за неколку недели. По се изгледа дека не очекуваат интересни подобрувања во првата голема надградба на платформата за 2018 година.