Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и ЕА Спортс потпишаа договор, а во овогодинешното издание на играта на познатата серија на ФИФА ќе се појави и хрватската фудбалска репрезентација.

Последен пат можевте да играте со Хрватска во серијата на ФИФА во 2018 година, и тоа за Светското првенство во Русија, а во оригиналната игра, Хрватите последен пат се појавија пред десет години.

Новата ФИФА 23 ќе биде достапна од 30 септември годинава, а покрај Хрватска, во споредба со ФИФА 22, додадени се и селекциите на Сенегал, Камерун, Мароко, Гана и Тунис. За жал, освен Хрватска, ниту една друга земја од регионот не е во играта на ФИФА 23.

„Исклучително сме среќни што постигнавме договор со ЕА Спортс во врска со вклучувањето на хрватската репрезентација во играта на ФИФА 23. Знаеме дека играчите ширум светот, а особено хрватските навивачи, со години копнеат по вакви вести и мило ми е што сега ќе можат да играат ФИФА со нивниот омилен тим во најубавиот дрес на светот. Ова е важен чекор напред за ХНС кон помладата популација и љубителите на игрите и ќе работиме во ова насока во иднина“, изјави претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ.

Така, ХНС стана еден од 300-те индивидуални лиценцирани партнери во играта, преку кои се достапни повеќе од 19.000 спортисти во 700 тимови, 100 стадиони и 30 лиги од целиот свет.

Покрај најдобрите клубови и репрезентации, играчите можат да избираат и од некои од најпознатите натпреварувања во светот, како што се Лигата на шампионите, Европската лига, конференциската лига, Премиершип, Бундеслигата, Ла Лига…