Веќе извесно време знаеме дека iPhone mini нема да биде претставен оваа година, но според последните извештаи, форматот од 5,4 инчи би можел да биде присутен за уште една генерација.
Apple го објави iPhone mini со намера да понуди алтернатива на своите големи уреди. Со екран од 5,4 инчи, iPhone mini е привлечен за купувачите на класични модели на iPhone, кои ги засакаа дисплеите од 4,7 инчи и не сакаат да носат големи уреди во своите џебови.
Сепак, Apple се соочи со проблем кога станува збор за iPhone mini, а тоа е продажбата на овој уред на пазарот. Од неговото објавување, iPhone mini не ги оправда очекувањата кога станува збор за продажбата, а повеќето корисници тврдат дека Apple не успеал да го направи телефонот популарен и покрај агресивната маркетинг кампања.
Луѓето кои се запознаени со состојбата на пазарот и плановите на компанијата Apple веќе извесно време тврдат дека компанијата од Купертино решила да се откаже од iPhone mini кога ќе излезе линијата iPhone 14.
Сепак, сајтот 91Mobiles цитира „важен партнер во синџирот на снабдување на Apple во азиско-пацифичкиот регион“, кој тврди дека iPhone 14 mini сепак може да биде претставен.
Партнерот на Apple наводно започнал со подготовки за презентација на новата серија на iPhone, која ќе се одржи на 7 септември, а iPhone 14 mini наводно се уште е во оптек.
Сепак, гореспоменатите изјави засега треба да се земат со резерва, особено затоа што веќе подолго време се зборува за отфрлање на мини моделот, а претставувањето на линијата iPhone 14 е се поблиску.
Поврзани артикли