Се појавуваат се повеќе вести и информации кои укажуваат на тоа дека би можеле да бидат вистините гласините за тоа дека Samsung својата Galaxy S21 линија смартфони ќе ја објави во јануари. Сега нови информации донесува еден од најдоверливите дојавувачи кога е во прашање екосистемот на Samsung – Ice Universe.

Дојавувачот сугерира дека трите телефони од претстојната Galaxy S21 линија ќе имаат рамни и закривени екрани. Galaxy S21 и S21+ ќе добијат „2D ekrane“, што значи дека нема да имаат заоблени рабови, додека Galaxy S21 Ultra ќе го задржи закривениот дисплеј.

Покрај тоа, извештајот споменува дека рамките од сите четири страни околу екранот ќе бидат симетрични, што значи дека нема да има поголема рамка во долниот дел на телефонот – таканаречената брада.