Huawei пред еден месец во Тајланд го претстави Huawei Y7p, буџетски телефон со 48MP главна камера. Сега овој модел пристигна во Европа, под името Huawei P40 Lite E.

Телефонот е достапен во продажба на сајтот на Huawei во Полска, каде што се нуди по намалена цена од околу 163 евра (редовната цена е околу 272 евра). Во прашање е смартфон со 4GB RAM и 64GB простор за складирање, а пристигнува и со бесплатна Huawei Band 4 нараквица.

Уредот пристигнува со Huawei AppGallery продавницата наместо со Google Play Store, како и со замените на Huawei за апликациите на Google.

Кога се во прашање спецификациите, Huawei P40 Lite има Kirin 710 чипсет и EMUI 9.1 кориснички интерфејс. Телефонот има 4GB RAM и 64GB простор за складирање, кое е можно да се прошири до 512GB. Дисплејот е 6.39-инчен LCD со FullHD+ резолуција и punch-hole отвор во горниот лев агол.

На задната страна на смартфонот се наоѓа системот со три камери и LED блиц. Тука се 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, како и доделениот макро и сензор за длабочина. Селфи камерата е од 8MP и има f/2.0 отвор на бленда.