Компанијата TCL има нов концепт на флексибилен смартфон што може да се претвори во 10-инчен таблет уред.

Наречен Fold ‘n Roll, уредот на TCL претставува комбинација на „dragonhinge“ технологијата и проширливиот панел. Резултатот е 6,87-инчен смартфон кој може да се трансформира во таблет од 8,85 инчи или целосно да се расклопи и стане 10-инчен таблет уред. Покрај тоа, компанијата TCL не откри никакви детали.

TCL сè уште ги „истражува техничките спецификации“ на овој тип на уред, а тоа не дава многу надеж дека наскоро ќе се појави на пазарот. Сепак, компанијата планира кон крајот на оваа година да објави некој вид на преклопен телефон, а неодамна претстави неколку концептни решенија.

TCL може да биде во добра позиција да понуди подостапни уреди кои имаат флексибилни и преклопни екрани, како и дисплеи со механизам за ролање. Таквите уреди во моментов му припаѓаат на високиот и скап ранг.