Веб-страницата MakeUseOf создаде листа на најсимнуваните апликации од Google Play Store. На првите четири места се апликациите кои се во сопственост на компанијата Meta.
Според сајтот, постојат неколку апликации кои 2,8 милијарди активни корисници на Android платформата најчесто ги преземаат од популарниот Google Store.
Треба да се напомене дека MakeUseOf не ги вклучи во својата листа апликациите што се претходно инсталирани на уредите со Android. Тоа значи дека Google Play Services (10 милијарди преземања), Gmail (девет милијарди), Google Maps (6,9 милијарди), YouTube (10 милијарди) не се на листата. Апликациите што се претходно инсталирани на телефоните Samsung исто така не се вклучени.
1. WhatsApp
Популарната апликација има 8,413 милијарди преземања и е најпопуларна алатка за инстант пораки во светот. WhatsApp е бесплатен и може да се преземе овде.
2. Facebook
Иако долго време беше на првото место, бројните скандали, сомнителните практики за приватност и движењето #DeleteFacebook не влијаеја премногу на апликацијата, која сè уште е на врвот (6,95 милијарди преземања). Facebook е бесплатен и достапен овде.
3. Facebook Messenger
Присуството на Facebook Messenger на третото место (5,67 милијарди преземања) покажува колкава контрола има империјата Цукерберг на пазарот на апликации за телефони. Facebook Messenger е исто така бесплатна апликација и е достапна овде.
4. Instagram
Instagram е уште една апликација од системот Meta, а неодамна доби голем број ажурирања, привлекувајќи уште поголем број корисници (4,197 милијарди преземања). Instagram е бесплатен и достапен овде.
5. TikTok
Меѓу Топ 5 најсимнувани апликации на Play Store е TikTok (2,843 милијарди преземања). Апликацијата е бесплатна и достапна за преземање овде.