Не делат неколку недели од моментот кога Apple конечно ќе ја претстави новата генерација на iPhone уреди. Како што се приближуваме до објавувањето, се повеќе се појавуваат информации за телефоните.
Овој пат ги добиваме предвидувањата на аналитичарот Џеф Пу. Пу вели дека iPhone 14 Pro и понатаму ќе имплементира простор за складирање од 128 GB за основните модели, како што беше случајот со линијата iPhone 13 Pro.
Со други зборови, Apple не планира да понуди надградба на просторот за складирање на податоци за основниот iPhone 14 Pro, и покрај очекуваната повисока цена на телефонот.
Ова може да биде разочарувачки за некои корисници, но сепак се очекува Apple да ги понуди истите опции за складирање како и моделот iPhone 13 Pro (128GB, 256GB, 512GB и 1TB за најмоќниот модел).
Линијата на iPhone 14 на Apple ќе се состои од двата модели Pro и Pro Max, а во понудата ќе бидат вклучени и стандардни модели, кои ќе се продаваат како iPhone 14 и iPhone 14 Max (или Plus).
Одредени извори сугерираат дека линијата iPhone 14 би можела да биде објавена порано од очекуваното, а настанот на Apple би можел да се одржи веќе во првата половина на септември.
Поврзани артикли