Инвестицијата во фабриката за батерии за електрични возила е вредна дури 7,3 милијарди евра.

Кинеската CATL планира да изгради фабрика за батерии за електрични возила од 7,3 милијарди евра во Унгарија. CATL најави дека изградбата на капацитетот од 100 GWh во Дебрецен ќе биде нејзина најголема инвестиција во странство и дека изградбата ќе започне оваа година по добивањето одобрение.

Откако ќе се изгради, ќе биде најголемата фабрика за батерии во Европа и втората фабрика на CATL во регионот по онаа во Германија, која ќе произведува батериски ќелии и модули за Mercedes-Benz, BMW, Stellantis и Volkswagen.

Оваа инвестиција ја позиционира Унгарија како главен центар за електрични возила и батерии во Европа. Инаку, и BMW гради фабрика во Дебрецен, додека марката на Volkswagen, Audi има фабрика во Ѓер, во западна Унгарија, а Mercedes има фабрика во Кечкемет, во централниот дел на земјата.