Ако сакаме да избегнеме колапс на глобалниот биодиверзитет мора веднаш нешто да се направи, предупредија научници од Универзитетот на Вашингтон.

Според нивно истражување, ако не се преземе нешто, во блиска иднина ќе се случи загуба на огромен број на животни во тропскиот дел од планетата.

Тропскиот дел од Земјата покрива 40% од планетата, но повеќе од три четвртини од животните се наоѓаат таму. Исто така, скоро сите корални гребени се наоѓаат во овој појас. Додека од видовите на птици, 90 проценти живеат во тропскиот регион и не може да се најдат на друго место.

Човечкото влијание врз климата придонесува за драстични суши и топли бранови кои што се смртоносни за овој вид на животни.

Уништувањето на тропските еко-системи, исто така, им штети и на милиони луѓе низ планетата.